Во Минхен врие: Рибери го фрли на земја дресот на Баерн

Францускиот интернационалец Франк Рибери, синоќа беше повлечен од игра во 78. минута од мечот против Андерлехт, за на негово место да биде вметнат Милер..

Потегот на Анчелоти, воопшто не му се допадна на Рибери, кој нервозен поради замената, го фрли дресот на Баерн Минхен на клупа, навлекувајки го гневот на сите навивачи, кои тој дрес го сметат за нивна светост.

По натпреварот и победата на Баерн, главното прашање на новинарите беше насочено токму кон Анчелоти за потегот на Рибери.

Разбирам дека играчите посакуваат 90 минути, но некогаш не разбираат, како што сега тоа го направи Рибери, дека промената не е поради тоа што одиграле лошо. Имаше мали проблеми пред мечот и не ја разбирам неговата реакција. Ќе го прашам зошто така реагираше, беше лут, а до крајот на мечот имаше само 10 минути, го повлеков, тој веќе имаше жолт картон, па сакав да го одморам“, истакна Карло Анчелоти.

Многу од навивачите на Баерн распалија по Рибери за потегот со дресот, нешто кое сега го сметаат како еден начин на предавство со фрлањето на дресот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top