Во Москва се воведува режим на општа самоизолација

Режимот на домашна самоизолација се воведува од 30 март за сите жители на Москва, независно од возраста. Ова е соопштението објавено на сајтот на градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин..

Дозволено е да се напушти станот само во случај на потреба од итна медицинска помош и други ситуации кои претставуваа непосредна опасност по животот и здравјето. Покрај тоа, Московјаните кои се задолжени да одат на работа можат да одат до работното место. Купување е дозволено во најблиската отворена продавница или аптека. Домашните миленичиња можат да се изведуваат на прошетка најдалеку сто метри и од местото на станување. Дозволено е да се изнесува ѓубрето.

Во наредните денови излегувањето надвор ќе биде можно само со специјална пропусница што ќе ја добиваат Московјаните во постапката што ја пропиша градската влада.

„Во текот на наредната недела ќе биде организиран софистициран систем на контрола на режимот на куќна самоизолација и пропишаните правила на движење на граѓаните. Постепено, но неумоливо ќе ја засилуваме контролата што е неопходна во оваа ситуација“, рече Собјанин.

Се истакнува дека со режимот на куќна самоизолација не се ограничува правото на граѓаните да допатуваат во Москва или да отпатуваат од неа.

Покрај тоа, градоначалникот наложи на сите невработени жители на главниот град да им се плаќа компензација. Дотацијата и новиот додаток ќе изнесуваат вкупно 19500 рубли месечно.

„Сумата ќе биде пропишана автоматски, без поднесување на барање“, се вели во соопштението.  

Подоцна слични ограничувања беа воведени и за жителите на Подмосковјето. Тие се должни да не го напуштаат станот без итна потреба, а исто така да се држат едни од други на најмалку 1,5 метар растојание, соопштуваат од оперативниот штаб за контрола и мониторинг на ситуацијата поврзана со коронавирусот во Московската област. Невработените жители на регионот од 1 април ќе почнат да добиваат компензација.

„Вклучувајќи ги сите задолжени дотации на невработените, сумата ќе изнесува 15000 рубли. Покрај тоа, невработените кои се упатени на обука ќе продолжат да ја добиваат стипендијата“, се вели во соопштението на оперативниот штаб. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top