Во МВР ќе „пресушат“ пасошите пред да стигне нова тура од Германија

Поради лоши планови и анализи во МВР фалат обрасци за лични документи, тврди новиот министер Наќе Чулев. Најлошо е со пасошите, недостасуваат и возачки дозволи кои ќе стигнат на крајот на месецот, а проблемот е решен само со личните карти..

- За патни исправи има обрасци за некаде до средина на февруари, согласно планот и лошата анализа која е направена во МВР, патните исправи треба да стигнат на крајот на март. Сега ќе правиме дополнителни напори за да се надмине тој проблем. Во тие анализи не е предвидено дека ќе има зголемено побарување поради неколку причини. Како прво имаме избори кои се знаеја уште порано. Втора работа е за оние што се извадени во 2009-та и по десет години истекуваат и треба да се сменат. И третата причина е што владата впведе земање на лекови со документи поради што исто така има зголемена потреба од нови лични документи, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Чулев вели дека е дадена наредба и во внатрешната контрола во тек е проверка дали и последниот тендер за набавка на обрасци за лични документи е спроведен законски. На крајот од минатата година склучен е договор за набавка на обрасци за документи за наредните две години во вредност од речиси 20 милиони евра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top