Во недела сите патишта водат во Фуцкрај паркот на Македонскиот фестивал за храна

ОФИЦИЈАЛНО: Дамјан Стојаноски допатува во Австралија и ке настапи на Македонскиот фестивал во Фуцкрај.

Почитувани Македонци од Мелбурн и Викторија оваа недела на 26/11/2017 година во Фуцкрај паркот традиционално по шести пат ќе се одржи Македонскиот Фестивал за храна 2017во организација на Македонско - Австралиската Заедница потпомогнат од Australia Events како и од Australian Macedonian Bussiness Association.

Македоците овде во Мелбурн по шести пат ќе покажат дека се силна нација која знае да се обедини и да ги претстави најпознатите гурмански специјалитети од познатите Македонски бизниси овде во Мелбурн пред мултикултурна Австралија.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во убавата храна, добра Македонска музика и традиционални ора и песни во изведба на познати Македонски културно уметнички друштва од Мелбурн и Викторија.

Ексклузивно за фестивалот дури од Македонија денес пристигна естрадната ѕвезда Дамјан Стојановски.

На фестивалот исто така ке настапи и Орце Стевковски со прекрасната Сузи Анџелковиќ и оркестарот Оскар од Битола.

За да нема забуна организаторите ги информираат нашинците дека оваа година е променето местото на одржување на Фестивалот и наместо во Витлски како досега оваа година ке се одржи во Footscray Park, 40 Maribyrnong Blvd, Footscray .

Ова е нашиот еден и единствен Фестивал на Македонска храна овде во Мелбурн кој успешно започна да се спроведува пред точно шест години и од година во година е се попосетен и подобро организиран.

Оваа година најголемите Македонски бизниси го подржаа ова шесто издание на фестивалот.

Финансиските средства кои ке се соберат на овој настан ќе одат во хуманитарни цели за лекување на дечиња како и за потпомагање на Македонските друштва.

Целта на фестивалот е промоција на Македонската храна и секако хуманоста покажана на дело.

Затоа драги Македонци во Недела сите патишта водат кон Фуцкрај паркот на Македонскиот Фестивал за храна.

Да го посетиме во што поголем број и да им покажеме на сите дека сме силна нација која знае и умее да се организира и да ја негува Македонската традиција без разлика на тоа колку далеку се наоѓа од родната татковина Република Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top