Во Охрид покрената иницијатива просторот пред „Палас“ да е бесплатно капалиште

Од како со години целиот брег е противправно окупиран со кафани, иницијатива Охрид да има барем една слободна ( бесплатна ) плажа !.

Нуркачот Никола Паскали од клубот Акватек преку социјалните мрежи пласира една интересна иницијатива со која се предлага просторот кај некогашното пристаниште пред „Палас“ да се уреди како што бил во минатиот век и да ја има истата намена.

Овој предлог на Никола Паскали предизвика лавина позитивни реакции на Фејсбук и по се изгледа им се допаѓа на граѓаните на Охрид.

Просторот пред „Палас“во минатиот век бил уредено капалиште и претставувал свратилиште каде бесплатно и слободно секој граѓанин или турист можел да ужива во езерото, да се разладува, или спортува без да се плаќаат лежалки или да мора да пие кафе или сок за да седи на плажата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top