Во оваа земја секој жител има по 185.000 долари државни пари!

Познатиот норвешки нафтен фонд конечно ја достигна границата од 1 билион долари..

Фондот е основан во 1998 година за да ја чува заработката од продажбата на нафта за идните генерации. Сега вреди 250% од норвешкиот БДП, додека проекциите порано покажуваа дека тој процент до 2020 година ќе биде 130%. 

Тоа значи дека секој жител на земјата, без разлика дали се работи за мажи, жени или деца, има по околу 185 000 американски долари. 

На веб-страницата на норвешкиот инвестициски фонд е напишано: „Работиме за да ја зачуваме и изградиме финансиската благосостојба за идните генерации“. 

За самиот фонд исто така е напишано: „Владиниот глобален пензиски фонд се чува за идните генерации. Еден ден нафтата ќе исчезне, но враќањето на фондот ќе биде продолжение на просперитетот за норвешките граѓани“. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top