Во Париз денеска средба на Макрон и Мицотакис

Привлекување инвестиции, намалување на примарниот суфицит за 2021 година, стабилност и безбедност во регионот и поддршка за зелената агенда на Макрон..

Се целите со кои премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис заминува за Париз, каде што денес ќе оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Според грчки владини извори, Мицотакис на денешната средба ќе испрати порака дека Грција по 10-годишна криза сврти нова страница и има реформска влада, а една од целите е во рамките на состанокот со Макрон да упати повик до француските бизнисмени да инвестираат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top