Во Париз и Лондон протести против бразилскиот претседател поради катастрофалните пожари

Стотици активисти за заштита на животната средуина протестираа денеска на улиците на Лондон и на Париз , поради огромните пожари во Амазон и неакивноста на бразилскиот претседател Болсонаро..

Протестите се одржаа пред амбасадата на Бразил во Британија и во Франција и од Болсонаро се бара итно преземање мерки за гаснење на огромните пожари што ја голтаат амазонската прашума.

Вчера францускиот претседател Емануел Макрон и Генералниот секретар на Обединетите нации , Антониот Гутереш , изразија загриженост поради пожарите што ја голтаат амазонската прашума.

За бразилскиот претседател Жаир Болсонаро таквите изјави биле мешање во внатрешната политика на Бразил. Тој денеска рече дека се подготвува за да ја вклучи армијата во гаснењето на илјадниците пожари , што ги зафатија огромните шумски предели во Амазонија , а пожарите се видливи и од вселената.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top