Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, јавија јапонските медиуми..

Поплавите во областа Кумамото, на островот Кјушу во југозападна Јапонија, уништија куќи, однесоа автомобили и уништија мостови. Некои градови се под вода и многу жители се отсечени од светот.

Телевизијата НХК објави дека 16 лица официјално загинале, додека за 20 се вели дека се во состојба состојба на „кардио-респираторен застој“, термин што обично се користи во Јапонија за да се објави смрт на една личност пред тоа да биде официјално потврдено.

Меѓу нив, 14 лица живееле во старски дом, кој бил поплавен при излевањето на околната река.Неколку лица се водат како исчезнати, а наредена е евакуација за 200.000 луѓе.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top