Во продажба билетите за кошаркарскиот натпревар Македонија-Литванија

Влезниците ќе продаваат по цена од 150 денари (горни трибини) и 250 денари (партер), а може да се набават на сите продажни места низ државата на МК-Тикетс и ОНЕ..

Пуштени се во продажба билетите за пријателскиот кошаркарски натпревар Македонија - Литванија, за 17 август во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот. Овој натпревар е во склоп на одбележувањето на 20 години од првиот натпревар на македонската кошаркарска репрезентација.

Ова воедно ќе биде и единствениот дуел кој нашите кошаркари ќе го одиграат на домашен терен во рамките на подготовките за Еуробаскетот во Словенија. 

Влезниците ќе продаваат по цена од 150 денари (горни трибини) и 250 денари (партер), а може да се набават на сите продажни места низ државата на МК-Тикетс и ОНЕ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top