Во руски воздушни напади во Сирија убиени 40 џихадисти на ИД

Убиени околу 40 припадници на ИД..

Околу 40 припадници на Исламска држава, вклучително и четворица високи команданти се убиени во близина на источниот сириски град Деир ез Зор во воздушните удари на руските сили, соопшти руското министерство за одбрана.

Како што пренесе руската новинска агенција РИА, министерството наведува дека меѓу убиените и Абу Мухамед ел Шимали, кој бил надлежен за надгледување на странските борци во Исламска држава, пренесува Ројтерс.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top