Во САД допрва доаѓа најлошото поради неколку милиони вработени, кои се во карантин

Бројот на Американци кои аплицираа за бенефиции за невработеност ја надмина бројката од шест милиони минатата недела, со воспоставени повеќе мерки за спречување на пандемијата на коронавирус..

Неделниот извештај на Бирото за вработување за состојбата со невработените, го потврди ставот на економистите дека најдолготрајниот тренд на вработување во историјата на Соединетите држави заврши во март.

Првичните побарувања за бенефиции за невработеност изнесуваа 3.341 милиони,а пораснаа  на 6.648 милиони до крајот на неделава, објави владата. Информациите за претходната недела беа ревидирани за да се покаже дека имало повеќе од 24.000 барања од првично запишаните, зголемувајќи го бројот на 3.307 милиони.

Економистите предвидоа дека побарувањата за компензација ќе се искачат од 3,5 милиони минатата недела, до 5,25 милиони.

„Слично на минатонеделните бројки за бројот на побарувања за бенефиции за невработеност, денешниот извештај ја отсликува жртвата што американските работници ја прават за своите семејства, соседи и земјата да го забават ширењето на заразата“, рече Јуџин Скалија, американскиот секретар за труд.

САД имаат најголем број случаи заразени со „Ковид-19“,со повеќе од 214.000 заразени. Од инфекцијата досега починале околу 5.000 луѓе, пренесува Ројтерс.

Побарувањата за бенефиции за невработеност беа најголеми помеѓу 2007 и 2009 година, кога во текот на рецесијата достигнаа 665,000 неделно. Тогаш, бројот на оние кои ги загубија своите работни места се искачи на 8,7 милиони.

Економистите велат дека земјата треба да се подготви за ескалација на побарувањата, благодарение делумно на дарежливите надоместоци вклучени во фискалниот пакет од 2,3 трилиони американски долари, потпишан од претседателот Доналд Трамп минатиот петок.

Пакетот на мерки на сојузната влада вклучува и олеснување на условите за барање бенефиции за невработеност.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top