Во САД одобрено тестирање што го открива корона вирусот за пет минути

САД одобрија брз тест за утврдување дали некое лице е заразено со корона вирус со кој резултатот се добива за само неколку минути, пишува Блумберг..

Abbott Laboratories, компанијата што го дизајнираше уредот, вели дека станува збор за мал и преносен апарат, со големина на тостер и доколку е потребно може да се користи и надвор од болницата.

Производителот на медицински помагала планира да понуди по 50.000 тестови на ден од 1 април, вели Џон Фрелс, потпретседател за истражување и развој на Abbott Diagnostics. Молекуларниот тест бара фрагменти од геномот на корона вирусот, кој брзо може да се открие кога е присутен на високо ниво.

Со тестирањето може да утврди дали некое лице е заразено со корона вирус во рок од пет минути, а за 13 минути е можно дефинитивно да се утврди дали некое лице е негативно на вирусот, се вели во соопштението на американската компанија.

Тестот почнува со земање брис од носот или внатрешниот дел на грлото, а потоа мешајќи го со хемиски раствор што го пробива вирусот и ја ослободува неговата РНК. Смесата се вметнува во системот ID Now, мала кутија тешка околу 3,5 килограми која има технологија да ги идентификува и да ги засили избраните секвенци на геномот на корона вирусот и да го игнорира контаминирањето од други вируси.

Раководството на Абот во петокот објави дека добила итно одобрение од Управата за храна и лекови (ФДА) на САД да почне со производство на уредот, пренесе Хина.

Минатиот викенд, ФДА ја одобри постапката за тестирање што треба да даде резултати во рок од 45 минути. Сепак, проблемот е во тоа што уредите на производителот Cepheida главно се користат во болниците.

Борбата против коронавирусот во во САД по избувнување на пандемијата беше попречена заради недостиг на соодветни тестови, а во случаите кога примероците биле тестирани, се случуваше застој заради бавното пренесување на информации за резултатите од тие тестови.

Сега во САД има повеќе потврдени случаи на Ковид-19, болест предизвикана од вирусот Сарс-КоВ-2, отколку во која било земја во светот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top