Во Собранието доставени предлозите за нови министри

Предлозите на премиерот за освежување на владиниот кабинет и назначување на нови министри и заменици министри во некои министерства стигнале до Собранието..

По архивирањето на предлозите од законодавецот, тие мора да бидат обработени и да се стават на дневен ред за гласање на пленарна седница.

Како што објави ден претходно Алсат, Нина Ангеловска е номинирана за функцијата министер за финансии.Таа е извршен директор и ко-основач на платформата Групер, има 31 година, дипломирала на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Ангеловска на листата на „Форбс“  е меѓу 30 најуспешни претприемачи на возраст под 30 години.

Алсат дознава дека Ибрахим Дехари ќе биде нов министер за странски инвестиции. Тој доаѓа на местото на разрешениот Зоран Шапуриќ. Дехари е кадар на ДУИ, бизнисмен. Потекнува од селото Гајре, а во моментов е професор на Тетовскиот универзитет.

На позицијата заменик-министер за образование е номинирана Елизабета Наумовска, професорка по физика, а на позицијата заменик-министер за економија Кире Колемишевски, дипломиран на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Правниот факултет. На оваа позиција доаѓа од Македонската банка за поддршка на развојот. Меѓу предложените имиња е и Неџат Мехмедовиќ за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Последните измени во владиниот кабинет беа направени во јуни со замена на неколку министри. Позицијата министер за финансии оттогаш беше испразнета.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top