Во Собранието ќе се одржи свечена академија по повод 550-годишнината од смртта на Скендербег

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери денеска ќе ја отвори свечената академија зa 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег..

На свечената академија што ќе се одржи во салата „Голема купола“ во Собранието свои обраќања ќе имаат и директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците, д-р Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја д-р Драги Ѓеорѓиев и д-р Владо Поповски, историчар, член на Одборот за одбележување на 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

Ќе биде промовирана и поштенска марка со ликот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, пред споменикот на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег, претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе го објави почетокот на манифестациите со кои ќе се одбележи „Годината на Скендербег".



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top