Во сомнителниот пакет во Потсдам сепак немало експлозив

Во уништениот сомнителен пакет пронајден во близина на божикниот пазар во Потсдам сепак немало експлозив, соопштија од германската позиција..

Во соопштението се наведува дека во пакетот имало цилиндричен предмет со кабли, аберии и клинци, но не и експлозив.

Според првичните најави било утврдено дека во сомнителниот пакет имало експлозив, но потоа министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Карл-Хајнц Шротер изјави дека „не е јасно“ дали тоа што е пронајдено е експлозивна направа.

По добиената информација за сомнителниот пакет, полицијата го евакуираше божикниот пазар и околната зона во Потсдам.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top