Во Србија ќе се зголеми бројот на лаборатории за тестирање на коронавирус

Српската Влада на денешната седница донесе одлука да ги утврди сите лаборатории кои се квалификувани за спроведување на тестови за коронавирус, односно вклучување на ветеринарните институти во лабораториско тестирање, соопшти од Владата..

Од српската влада соопштуваат дека се одлучиле да го зголемат бројот на лаборатории во кои ќе се тестира за ковид-19, оти здравствениот систем треба да се обезбеди пред претстојниот есенски период.

Се работи за лаборатории на здравствените установи и сите микробиолошки лаборатории во јавна сопственост, кои вршат активности од областа на здравјето на животните, безбедност на храната, контрола на квалитетот и безбедноста на млекото и тестирањето на забранети, недозволени, штетни и непожелни материи во храната и во добиточната храна, здравјето на растенијата, семето и садниот материјал и банките за растителни гени, се вели во владиното соопштение за медиумите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top