Во светот 716.482 заболени од коронавирус, 33.691 починале

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лица починале, а 150.889 луѓе се излекувани..

Од 531.902 активни случаи, 505.165 пациенти имаат лесни симптоми, а 26.737 пациенти се во сериозна или критична состојба.

Епидемијата се шири најбрзо во САД, при што за 24 часа се регистрирани 15.330 нови случаи, со што вкупниот број достигна 138.908.

Следи Италија со 97.689 случаи, 5.217 повеќе од саботата, Шпанија со 81.439 (5.663 повеќе), Германија со 62.095 случаи (4.400 повеќе) и Франција со 40.174 случаи (2.599 повеќе).

Во моментов во Кина има само 2.691 активни случаи, а сите новозаболени се кинески државјани кои доаѓаат од други земји.

Италија останува земја со најголем број смртни случаи во светот. Во изминатите 24 часа во таа земја починале 756 луѓе, а вкупно 10.779 од почетокот на епидемијата.

Шпанија вчера објави 636 смртни случаи, со вкупно 6.618. Во Кина од почетокот на епидемијата се регистрирани 3.300 смртни случаи, а само пет во изминатите 24 часа.

Иран има 2.640 смртни случаи, 123 повеќе од претходниот ден, во Франција бројот на починати е 2.606 што е зглемување за 292 од саботата, а во САД починаа 2.438 лица, 218 повеќе од претходните 24 часа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top