Во тек е кастинг во Реал: Зидан искористи 19 играчи на два натпревара

Сезонава е загубена за најтрофејниот шпански клуб, но сите во него се насочени кон она како треба да изгледа тимот од лето натаму..

За тоа е вратен Зинедин Зидан кој не се осврнува на резултатите и очекува од играчите да го покажат најдоброто. Поради тоа на првите два натпревара на клупата, против Селта и Хуеска францускиот стручњак искористи дури 19 фудбалери што не е забележано во ниеден тим. Само шестмина од првиот тим досега не добија шанса: Куртоа, Карвахал, Винисиус (сите тројца повредени), Каземиро, Регуилон и Ваљехо. Играа дури и фудбалери кои претходно не биле во конкуренција како неговиот син Лука.

Големиот број рокади во тимот беа белег на Зидан и во неговиот прв мандат на клупата на Реал. Тој тогаш многу ги мешаше картите, му даваше одмор на Роналдо и затоа екипата беше свежа во финишот од сезоната кога се бореше за титулата во Лигата на шампионите. За споредба, Лопетеги стигна до 19 искористени фудбалери дури во својот седми натпревар на клупата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top