Во текот на молитвите во „Аја Софија“ ќе се прекриваат фреските

Фреските и мозаиците во поранешниот истанбулски соборен православен храм „Света Софија“ ќе бидат прекриени со завеси или ласери во текот на муслиманските молитви.

Христијанските икони ќе бидат откриени и отворени за сите посетители целото друго втреме, а влезот ќе биде бесплатен, изјави портпаролот на AKP, Омар Челик. Но не разјасни како со ласери ќе се прекриваат фреските и живописите.

Претседателот Ердоган во петокот го поптиша декретот со кој „Аја Софија“ да биде претворена во џамија, откако Државниот совет, највисокот правно тело во Турција неколку часа претходно ја поништи владината одлука од 1934 година со која поранешната византиска црква во XV век претворена во џамија ја претворила во музеј, одлучувајчќи дека тој потег бил незаконски.

Оваа одлука предизвика критики и загриженост во светот, од страна на Грција, САД, Русија, ЕУ, од православните цркви, од папата Франциск, како и од УНЕСКОч.

Омар Челик на прес-конференцијата во понеделникот рече дека најголемо непочитување во однос на „Аја Софија“ во историјата покажала Светата столица, односно Ватикан.

Челик рече дека православните христијани со години трпеле поради „латинската инвазија“ којашто ја водел Ватикан во XIII век кога крстоносците ја ограбиле „Света Софија“ и едно време служела како католичка катедрала.

Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу, кој доаѓа од опозицијата и беше критикуван за премолчувањето на пренамената на „Аја Софија“, изјави во понеделникот дека ја поддржува промената на статусот на музејот во џамија „сѐ додека биде во полза на Турција“.

„Отсекогаш таа за мене претставувала џамија… Некои телевизи кои себеси се етикетираат како конзервативни, тврдат дека првата молитва ќе се одржи во Света Софија на 24-ти јули. Сепак, молитвите во Аја Софија се правата пет пати на ден во изминатите 30 години“, изјави Екрем Имамоглу за весникот Hürriyet.

Додаде дека доколку промената на статусот на „Аја Софија“ „ја збогати земјата, морално и материјално, доколку со оваа промена се најде решение за проблемот со невработеноста во земјата и го зајакне угледот на земјата на меѓународната сцена“, тој целосно го поддржува овој потег.

Американскиот Стејт департмент во петокот објави дека е „разочаран“ од одлуката на турската влада за променот на статусот на „Аја Софија“, а грчкиот премиер Кирјакос Миџотакис, исто така, во петокот дека на „најостар начин“ ја осудува одликата на Анкара. Грција порача дека одлуката ќе има последици по односите на двете земји и турските врски со Европската унија.

Челникот на десната италијанска партија Лига, Матео Салвини, пго предводеше протестот пред турскиот конзулат во Милано.

„Ќе го запрам секој вид финансиска помош за турскиот режим и еднаш засекогаш ќе заврши каква и да е претпоставка за влегување на Турција во Европската унија, бидејќи дадовем повеќе од десет милијарди евра на режимот кој претвора цркви во џамии и мислам дека ја минаа границата“, рече Салвини.

„Света Софија“, базиликата завршена во VI век која илјада години била најголемиот храм во христијанскиот свет, поради својата архотектура привлекува туристи од целиот свет, а биле претворена во џамија откако османлискиот владетел Мехмет Втори го освоил Цариград во 1453 година.

Пренаменета во музеј во 1935 година, во првите денови на современата секуларна турска држава под Мустага Кемал Ататурк, кога повторно се откриени фреските и животописите.

„Одлуката на владата од 1934 година која ја завршила нејзината намена на џамија и која ја дефинирала како музеј, не била во согласност со законите“, се наведува во одлуката на Државниот совет, највисокиот управен суд во Анкара, повикувајќи се на указот кој го потпишал Ататурк.

Здружението кое го покрена случајот и правниот процес уште пред 16 години тврди дека „Аја Софија“ била во сопственост на османлискиот султан Мехмед Втори откако го заземал гогашниот византиски Константинополис, денешен Истанбул.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top