ВО ТОП 10 ВО ЕВРОПА: Познато е колку парчиња оружје имаат македонските граѓани

Македонците поседуваат 621 илјада парчиња оружје..

Toa се 29.79 парчиња по глава од жител. Од вкупниот број само 169.687 се регистрирани, а 451.313 нерегистрирани, покажуваат податоците од истражувањето на организацијата „Small Arms Survey“ (SAS).

Со овие бројки нашата држава се наоѓа на осмото место во Европа, а е 13-та во светот по поседување огнено оружје по глава на жител. На прво и второ место во Европа се две земји од нашиот регион Црна Гора и Србија.

Во земјава постои евиденција кој сè поседува легално оружје, но не и информација или некаква проценка за нелегалното оружје. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top