Во ураганот Флоренс во САД досега загинаа 43 лица

Бројот на жртвите од ураганот Фиренца во САД достигна 43, соопштија властите, пренесува БТА..

Претходните извештаи посочуваа дека во ураганот загинале 41 лица.

Најголемиот дел од жртвите, 32, се во Северна Каролина. Ураганот сериозно ги погоди и Јужна Каролина и Вирџинија.

Агенцијата „Мудис Аналитикс“ ја проценува штетата од природната катастрофа од 38 милијарди долари до 50 милијарди долари, објави „Волсттрит џурнал“.

Се очекува дека поради Флоренс ќе биде исплатено осигурување во висина меѓу 1,7 милијарди долари и пет милијарди долари.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top