Во ВМРО-ДПМНЕ поднесени осум кандидатури, албанските партии во дилема, заедно или самостојно?

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ заврши конкурсот за поднесување на кандидатури за претседател..

Пристигнале осум апликации, а сите кандидати кои ги исполнуваат условите ќе имаат време и простор да ја достават својата програма. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука дека неда ги бојкотира претседателските избори.

ВМРО-ДПМНЕ не ги открива имињата на кандидатите, но во јавноста е познато дека професорката Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев, но и Филип Петровски ги доставиле своите кандидатури. Според извори на ТВ21, најпрефериран кандидат од страна на партиското централно раководство е професорката Силјановска.

Од партијата на власт СДСМ, велат дека до 3 март ќе биде познато името на нивниот кандидат за претседател. Потпретседателот Мухамед Зекири, вели дека нема да се кандидира за претседател на државата.

„Не. СДСМ кога ќе одлучи за кандидат, ќе објави. Ние закажавме конгрес на партијата на 3 март и тогаш ќе биде објавено името на кандидатот за претседател на СДСМ“, изјави Мухамед Зекири – пратеник на СДСМ.

Во албанскиот политички табор се уште се разгледува можноста да излезат со заеднички кандидат. Партијата на Али Ахмети останува отворена за соработка, но пред два дена раководството најави дека ќе имаат свој кандидат. Алијанса за Албанците свика состанок на партијата за да се разговара за претседателските избори. Села не ја исклучува можноста  за одржување на парламентарни избори.

„Остана да ја отстраниме и другата половина од режимот. Сега сме пред претседателски избори, но според сите изгледи ќе има и предвремени парламентарни избори“, изјави Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на 8 февруари ќе ги распише претседателските избори. Првиот круг ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Извор: ТВ21


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top