Во вооружен напад во популарен клуб во Мелбурн едно лице е убиено, а три се ранети

Сѐ уште се утврдуваат причините за нападот и дали станува збор за терористички чин..

Едно лице е убиено, а три се повредени, од кои две во животна опасност, по вооружениот напад во еден популарен ноќен клуб во австралискиот град Мелбурн.

Во инцидентот настрада и се ранети тројца припадници на клупското обезбедување и гостин кој чекал ред да влезе.

Полицијата трага по напаѓачите, кои според првичните сознанија, избегале со автомобил откако претходно пукале во насобраниот народ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top