(ВО ЖИВО) Уапсена е Катица Јанева

Бројни полициски сили пред малку влегоа во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева во населбата Козле во Скопје..

Блокирана е и улицата каде се наоѓа домот на  обвинителката. Канал 5 е на терен, повеќе информации набрзо. Полицијата ја приведе Катица Јанева и во овој момент се очекува таа да биде однесена во Кривичниот Суд во Скопје

Акцијата на МВР помина мирно и Јанева не пружаше отпор.

Приведувањето на обвинителката доаѓа само еден ден по нејзиното сведочење во Обвинителството, кое за во 14 Часот најави вонредна прес конференција. 

Наредната локација на која полицијата ќе врши претрес е канцеларија на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top