Војската ја заврши потрагата по петтемина американски маринци

Маринците беа стационирани во воздухопловната база Ивакуни, во близина на Хирошима, објави АП..

Армијата на САД ја заврши потрагата по петтмина маринци кои се водеа за исчезнати откако се судирија два авиона над јужниот брег на Јапонија.

До несреќата дојде за време на вежба помеѓу двата авиона.

Несреќата се случила пред пет дена, а петтемина членови на екипажот на „КЦ-130 Херкулес” денеска откако беше прекината потрагата официјално беа прогласени за мртви.

Два авиона на американските воздухопловни сили со вкупно седум члена на екипажот се судрија во четвртокот. Двајца членови на екипажот на „F / A-18″ беа пронајдени по несреќата, но еден од нив подоцна почина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top