Војската на Австралија носела нацистички знамиња во Авганистан?

Австралиски војник кој поставил знаме со нацистичка свастика на борбено возило во Авганистан, пред повеќе од 10 години, погрешил и е казнет на време, изјави австралискиот премиер Малколм Турнбул..

Знамето било закачено на воен џип за време на патрола во Авганистан во 2007 година, а фотографијата ја објавил австралискиот јавен сервис Еј-Би-Си.

„Знамето е отстрането, а службеникот вмешан во инцидентот е дисциплонски казнет. Тоа било погрешно и командантите го казниле на време“ рече Турнбул.

Австралија, како сојузник на САД, имала трупи во Авганистан 17 години, кои се бореле против талибанците и другите исламски екстремисти.

Како што се наведува, однесувањето на тие трупи во периодот од 2005 до 2016 година е под истрага, поради обвинувања дека користеле прекумерна сила и дека ги занемариле човечките животи за време на таа мисија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top