Волерс: Со гордост ја нарекуваме Македонија наш пријател и сојузник

Соединетите држави имаат обезбедено повеќе од милијарда американски долари помош за Македонија.

Со гордост ја нарекуваме Македонија наш пријател и сојузник и сакаме да видиме како оваа извонредна земја го остварува својот потенцијал како силна, динамична и просперитетна демократија, целосно интегрирана во евроатланската заедница, порача синоќа амбасадорот на САД Пол Волерс во обраќањето на свеченоста во американската амбасада во Скопје по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите држави и република Македонија.

Волерс на свеченоста потсети и на скромните почетоци од 1993 година и низата активности реализирани во билатералните односи во изминатите две децении, кои симболично беа презентирани и низ фотографии. „Ние го поддржуваме напредокот на Македонија во областите како зајакнување на спроведувањето на законот, земјоделството, образованието, граѓанското општество и во многу други области.

За таа цел во изминатите 20 години Соединетите држави имаат обезбедено повеќе од милијарда американски долари помош за Македонија, истакна меѓудругото амбасадорот Волерс.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top