Volkswagen со свој погон за батерии за електромобили

Volkswagen има намерa наредната 2020 година, заедно со шведските партнери да започне изградба на претпријатие за производство на батерии за автомобили во Долна Саксонија, пренесува БГНЕС..

Во градот Залцгитер беше пуштен пробен погон, во соработка со шведската фирма „Нортволт”, со цел – развој на масовно производство на вакви акумулатори. Според претставникот на компанијата, Ханс Дитер Печ, со овој потег Volkswagen ќе биде од исклучително значење за развојот на производството на батерии во Германија. 

До 2024, тоа би значело отворање на 1.000 работни места. 

Вкупната инвестиција ќе чини над милијарда евра. Следните 10 години на пазарот ќе се појават 70-на нови модели електромобили, што ќе значи и поголема побарувачка на акумулаторни батерии.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top