Волверхемптон е „џинот“ за Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотенхем

Звучи неверојатно но вистинито, сезонава двете финалиња во ЛШ и ЛЕ ќе бидат составени од четири англиски екипи, Арсенал, Челси, Тотенхем и Ливерпул..

По вторник и среда каде Ливерпул и Тотенхем на драматичен начин си обезбедија финале во ЛШ, синоќа се играа полуфиналињата од Лига Европа, каде се решаваше за тамошните двајца финалисти во Баку.

Арсенал рутински си ја заврши работата против Валенсија со убедливи две победи, додека Челси мораше да се коцка и со пенали дојде до финале.

Но она што е најинтересно како податок и кој доаѓа од Премиерлигата, е навистина фасцинантно.

Сезонава од Премиерлигата постои еден пониско пласиран клуб, кој успеа да ги победи сите овие четири екипи, кои сега ќе се борат за европски трофеј.

Волвс ги победија Тотенхем со 3:1, го победија и Арсенал со 3:1, славеа и против Ливерпул во ФА Купот со 2:1, каде ги елиминираа, а го победија и Челси со 2:1.

Тоа е фантастично остварување, да се победат во една сезона скоро сите поголеми екипи, но резултат на тоа е и нивната позиција на табелата, пласирани се на 7. место веднаш зад Јунајтед, кој исто така го победија два пати.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top