Вонредна состојба на Флорида , доаѓа ураганот ,,Исаија

Урагани Исаија сврте кон запад, кон Флорида, каде се очекува денеска да ја погоди , а потоа источниот дел на САД во понеделник..

Националниот центар за урагани издаде предупредување за Флорида и соопшти дека Исаија може да донесе силно невреме, дожд и ветрови денеска попладне и цела ноќ.

Поради можноста од ураган од категорија 1 да ја погоди Флорида, властите ги затворија местата за тестирање на коронавирус, а жителите се снабдија со основни продукти.

„Иако сегашните предвидувања велат дека центарот на ураганот Исаија би можел да остане на море, ситуацијата би можела да се промени многу брзо“, изјави за новинарите гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

ДеСантис прогласи вонредна состојба за десетина окрузи на атлантскиот брег на Флорида, и исто така и владиниот гувернер за Северна Каролина, Рој Купер, предвидувајќи невремето да го погоди брегот на неговата држава во понеделник.

Но, гувернерот на Јужна Каролина, Хенри МекМастер, изјави пред новинарите дека нема планови да прогласи вонредна состојба, велејќи дека смета оти тоа не е потребно.

ДеСантис рече дека местата за тестирање на коронавирус ќе останат отворени на западниот брег на Флорида и ги повика граѓаните да складираат храна, вода и лекови за една недела, предупредувајќи на можноста за прекин на електричната енергија. Масовни евакуации веројатно нема да бидат потребни, но засолништата се подготвени, додаде тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top