Вооружен грабеж во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир

Опожарениот голф е единствената трага од четворицата разбојници кои утринава ги испразнија сефовите на НЛБ во Чаир. Со автомобилот полн пари пристигнале до железничката станица Скопје Север, го запалиле и побегнале..

Според неофицијални информации автомобилот голф 5 поседувал скопски регистрации но тие не припаѓале на ова возило.

Утринава после 10 часот маскираните разбојници пристигнале во експозитурата на НЛБ во Чаир. На грабежот се спротиставил 26 годишниот обезбедувач на банката, но заработил ќотек од крадците. Откако ги зеле парите испукале еден куршум во воздух и побегнале.

Според изјави на очевидци, четворицата со трчање ја поминале улицата Христијан Тодоровски карпош и се упатиле по улицата Ферид Бајрам кон населбата Скопје Север.

Вработени во блиските објекти велат дека слушнале истрел, други пак не забележале ништо.

Од банката не откриваат со колкав плен заминале вооружените разбојници. Директорот на НЛБ тврди дека парите се осигурани.

Од полицијата и обвинителството велат дека истрагата е во тек и се работи на пронаоѓање на сторителите.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top