Воскресение Христово - трет ден

Во атмосфера на радосно пасхално ликување, Бигорската Обител го помина и третиот ден од Воскресението Христово..

О, кога би имал глас достоен за ангелска песна, со кој би се огласил до краиштата на светот- вака ќе проповедам: ’Пасха! Господова Пасха!‘ – и пак ќе речам во чест на Света Троица: ’Пасха!‘ Таа е наш празник над празниците и торжество над торжествата. Таа толку ги превосходи сите торжества, не само човечките и земните, туку и Христовите и за Христа определените, колку што сонцето ги надминува ѕвездите, Кај нас сè сјаеше и блескаше во прекрасна светлина, со која ние си ги исполнивте и нашите домови, и заедничките места, кога луѓето од секоја возраст и од секое достоинство обилно и штедро ја осветлија ноќта, како символ на великата светлина, која небесата ја излеваат врз целиот свет“ (Св. Григориј Богослов, Слово на Пасха).

Секако, најголем дар на Божјото семилосрдно благоволение кон нас и денес беше Светата Литургија, началствувана од нашиот Старец, Архимандрит Партениј.

Извор: Бигорски


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top