Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста и производство во протоерејски чин во Делчево

На Светата Литургија покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Делчево г. Горан Трајковски..

На 04. 12. 2018 година, „Воведение на Пресвета Богородица“ – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во храмот посветен на „Успението на Пресвета Богородица“ во Делчево, отслужи Света Архиерејска Литургија, одража пригодна беседа и го причести многубројниот православен народ со Телото и Крвта Христови. 

На Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го произведе во протоерејски чин свештеникот Александар Васев, старешина на храмот „Успението на Пресвета Богородица“ во Делчево. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top