Возач и мигрант ранети во нозете откако се обиделе да им избегаат на полицајците

Полицајци раниле две лица, возач и мигрант во обид да спречат криумчарење на крстосница од пат село Кравари – село Оптичари, кај Битола..

Како што соопштуваат од МВР, полицајците од станицата Меџитлија утрово околу 6 часот се обиделе прво да запрат автомобил „порше“ со скопски регистерски таблици под сомнение дека превезува мигранти.

Но, возилото не застанало и се обидело да ги прегази полицајците, па тие испукале неколку истрели.

Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот, кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.

Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top