Возачите кои фрлаат цигари од кола ќе бидат казнети $11,000

Законите, изгласани во четврток, ќе се применуваат за време на забраните за пожар..

Возачите кои ќе бидат фатени да фрлаат цигари од прозорците на автомобилите, ќе бидат казнети со 11 000 долари според новите закони во Нов Јужен Велс и со 10 демеритни поени.

Кога нема целосна забрана за пожар, возачите кои фрлаа цигари ќе бидат казнетисо пет демиритни поени.

Новите казни - кои се најостри во Австралија - ги објави министерот за полиција и итни служби на Нов Јужен Велс, Дејвид Елиот, во четвртокот, откако државниот премиер Гладис Береиклиан прогласи вонредна состојба поради пожарите.

„Оваа година започнавме со пожари, и само 19 дена од почетокот на летото, видовме дека се запалени речиси три милиони хектари, уништени повеќе од 700 куќи и трагично, шест животи изгубени“, рече Елиот.

Постојат опасоност дека два огромни пожари во близина на Сиднеј би можеле да се спојат во уште поголемо пеколно.

Пожарот на планината Госперс, кој го разора северниот крај на националниот парк „Blue Mountains“, може да се спои со пожарот на Грин Волт Крик на југ, додека температурите се зголемуваат кон 45С.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top