Возачот на автобусот на „Дурмо Турс“ на распит во Јавното обвинителство

Возачот на црвениот автобус на "Дурмо Турс", Маноил Трифуновски денеска бил на распит во скопското обвинителство..

„Детали не можеме да споделиме, бидејќи овој случај сеуште е во рана фаза предистрага. Претходно информиравме дека ги чекаме вештачењата, се врши распит на сведоци, преживеани патници, се собира документација од фирмата превозник.“ - велат од ЈОРМ.

Во меѓувреме се чекаат листинзите од неговиот мобилен телефон , кои обвинителството ги нарача за да провери дали пред несреќата разговарал со некого или користел некоја апликација. Тоа е едниот правец во кој води истрагата за оваа несреќа. Вториот е вештачењето на автобусот кое го вршат професори од Машински факултет, се утврдува во каква состојба бил Црвениот автобус кој излета од автопатот, дали бил технички исправен.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска бараат одговорност од МВР,. Според нив министерството премижало недправилности при работењето на „Авто- мото“ здружението за технички преглед на возила, кое е во сопственост на Дурмиш Белули, истиот газда на „Дурмо Турс“. 

Во рамки на предистрагата се очекува и Белули да даде исказ во обвинителството.

Досега беше објавено дека тахографот покажал дека црвениот автобус пред да излета од автопатот возел со брзина меѓу 80 и 85 километри на час и пробил три челични банкини. 

Професори од Машински факултет ќе проверуваат дали овој уред бил исправен. 

На црниот список од несреќата се запишани 15-мина загинати. 

Четворица сеуште се во тешка здравствена состојба во градската болница 8-ми септември, каде што се лекуваат уште 12-мина повредени. Шестмина повредени патници се лекуваат на другите скопски клиники

Извор: ТВ24


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top