„Воздух за мир“: Марш за чист воздух се одржа во Скопје

Марш за чист воздух под мотото „Воздух за мир“ се одржа вчера во Скопје, во организација на О2 Коалицијата за чист воздух, заедно со првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и „Скопје смог аларм“..

На настанот кој започна во 17 часот пред владата се собраа околу 500 граѓани. Неколку говорници од Коалицијата и од Меѓаши зборуваа за барањата кои Коалицијата ги достави до актуелната влада, како и за опасностите од загадувањето и страшните последици кои тоа ги носи.

Присутните потоа се упатија кон Карпош каде што во маршот се приклучија активистите од иницијативата „Ние сме Карпош 4“ кои ги изнесоа своите барања до градоначалничките кандидати на нивната општина на претстојните локални избори.

„Проблемот со загадениот воздух на Македонија е горлив. Поради загаден воздух во Македонија на годишно ниво умираат околу 3.500 луѓе. Од 10 најзагадени градови во Европа, три се македонски. Да прекинеме да бидеме на врвот на светските и европските листи само по лошо. Да покажеме дека знаеме и можеме да се справиме со проблемот. Токму и тоа го очекуваме од идните кандидати за градоначалници на Скопје – бараме од нив да се обврзат на нашите барања и еднаш засекогаш да го претворат Скопје во современ и зелен град кој е рамо до рамо со светските метропол“, порачаа учесниците на протестот.

На протестот се приклучија и пратеници и министри од актуелната власт.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top