Воздушни напади врз Појасот Газа

За време на викендот цели во Израел беа гранатирани од Појасот Газа..

Израелската армија извршила воздушни напади врз 10 локации во Појасот Газа. 

Според армијата, цел на утринските напади биле упоришта на милитантите, како и постројки за производство на оружје. 

За време на викендот цели во Израел беа гранатирани од Појасот Газа. 

Претходната недела имаше судири меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти. 

Тензиите се засилија откако палестински тинејџер беше киднапиран од неговиот дом во Источен Ерусалим, а неговото безживотно тело подоцна беше најдено во блиската шума. 

Полицијата соопшти дека сè уште го истражува неговото убиство, но Палестинците тврдат дека тој е убиен од еврејски екстремисти, како одмазда за убиството на тројца еврејски тинејџери што се случи претходно.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top