Вработените во СЈО земаа плата, УЈП ја замени Јанева

По три месеци без плата и здравствено осигурување, вработените во СЈО во текот на вчерашниот ден конечно биле исплатени, потврдуваат од СЈО за „Фокус“. На нивните сметки легнале платите за септември и октомври..

Платите беа блокирани бидејќи никој друг освен екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева немаше овластување да ги потпише. Но, по неколкумесечната блокада, платата на стручните соработници и техничкиот персонал била исплатена преку УЈП.

На истиот начин плата земале и вработените во Државниот завод за ревизија, кој беа оставени без директор.

Засега е нејасно дали и долговите на СЈО за струја, кирија, парно, телефон… ќе се исплатат преку УЈП.

СЈО има буџет, но трансакциите запреа по разрешувањето на Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“.

Платата пак непречено им тече на обвинителите кои беа дел од тимот на Јанева, бидејќи тие се вратија под капата на редовното обвинителство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top