Враќање на мрачните практики? Која е првата жена-директор на ЦИА

Џина Хаспел, новоименуваната прва жена-директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), е разузнавач од кариера со повеќе од 30 години искуство..

Таа работи за ЦИА од 1985 година, каде што имаше голем број раководни позиции и голем дел од кариерата помина во тајност, напиша лани Њујорк тајмс. Контроверзно, таа раководеше затвор во Тајланд каде што осомничени членови на Ал каеда беа измачувани со давење со вода (вотербординг) во 2002 година. Лентите со снимките од измачувањето беа уништени во 2005, а наредбата за тоа ја даде - Хаспел.

Таканаречените црни локации - тајни локации во странство каде што ЦИА го вршеше она што го нарекуваше техники на „засилено испрашување“ - беа затворени од тогашниот американски претседател Барак Обама.

Сепак, претседателот Доналд Трамп оттогаш повеќе пати рече дека му се допаѓа грубото сослушување на осомничените.

Ланското назначување на Хаспел за заменик-директор на ЦИА предизвика низа контроверзии.

Кристофер Андерс, заменик-директор на вашингтонската канцеларија на Американската унија за граѓански слободи, за Њујорк тајмс рече дека е „сериозно загрижен“ поради назначувањето на Хаспел.

Во тоа време, тогашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, ја опиша како „пример за разузнавачки службеник“ со „неверојатна способност да ги завршува работите и да ги инспирира оние околу себе“.

Хаспел стана директор на ЦИА денеска, откако претседателот Трамп го избра Помпео за државен секретар, кој го замени Рекс Тилерсон.

Во изјавата, таа рече: „Благодарна сум му на претседателот Трамп за можноста и трогната сум од неговата доверба во мене, да бидам номинирана за нареден директор на Централната разузнавачка агенција. Ако се потврди, со нетрпение чекам да му ја дадам на претседателот Трамп извонредната разузнавачка поддршка на која се навикна во текот на својата прва година на функцијата“.

Враќање на мрачните практики?

Протресувањето на Белата куќа носи длабоки последици - особено за ЦИА, вели Би-би-си. Агенцијата работи без речиси никаков надзор, па многу одлуки зависат само од директорот. Утринава претседателот зборуваше позитивно за в.д. директорката, Џина Хаспел, истакнувајќи дека таа е жена на висока лидерска позиција.

Како разузнавачки офицер, таа беше позната по нејзините остри ставови: раководеше озлогласена црна локација во Тајланд, во која затворениците беа мачени со вотербординг. Таа сега работи за претседател што е колеблив кон ова прашање. Тој има кажано дека сака да го врати вотербордингот. Џејмс Матис, секретарот за одбрана, го разубеди од тоа.

Претседателот може повторно да се премисли - ако госпоѓата Хаспел и други разузнавачи кажат дека веруваат дека тоа е неопходно. Така, САД би можеле да ѝ се вратат на својата мрачна практика на црни локации и брутални сослушувања.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top