„Време е за чист воздух“; Протест против загадувањето

Спуштањето на температурите и ветровите помогнаа привремено да се расчисти загадениот воздух. Но, невладините организации и натаму протестираат и бараат конкретни и долгорочни мерки против аерозагадувањето на воздухот..

Граѓаните велат дека извршната власт и општините треба итно да започнат со спроведување на мерките.

“Немам што да кажам, секој ден се задушуваме, сите оние со проблеми со дишењето, дури и здравиот човек не може да живее во овој град.Треба да се преземат мерки, бидејќи не знам што ќе се случи, болниците се полни “

“Проблемот е многу голем, со делумни мерки што ги преземаат ништо не може да се направи”

“Чист воздух, нека направат што е потребно.Ајде да ги преземат сите мерки, луѓето доволно кажаа што е потребно, барем да прифатат некои од предложените мерки”

“Бараме од Градот Скопје да преземе мерки за прочистување на воздухот.Ни треба свеж воздух, па очекуваме да се преземат чекори што е можно поскоро”, велат граѓаните.

Загадувањето ги конфронтираше и политичките партии. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за исклучување на мерните станици.

Одговарајќи на обвинувањата, од СДСМ рекоа дека не сакаат совети од претставници на власта која единасет години не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top