Време е за нови идоли, Нејмар ги надмина Меси и Роналдо

Иако „Најк“ му беше спонзор речиси една деценија, односно уште како дете потпиша договор со популарниот производител на спортска опрема, одекна вест дека Нејмар го промени својот технички спонзор..

Тие пред Бразилецот ставиле понуда која не може да се одбие. Имено, Нејмар ќе добива 25 милиони евра годишно, или двојно повеќе од она што го добиваше во „Најк“.

Со тоа тој се искачи на врвот и сега е на пиедесталот со значително поголема заработувачка, прескокнувајќи ги Меси и Роналдо.

Аргентинецот од „Адидас“ добива 19 милиони евра годишно, додека Португалецот од „Најм“ 16 милиони.

Нејмар со овој договор ќе му се приближи на Роналдо кој е најплатен фудбалер на светот, барем кога станува збор за рекламните и спонзорските договори. Португалецот има помала годишна плата и од Меси и од Нејмар, но има поголема заработувачка од своите спонзори. Од друга страна, за минатата година најмногу заработил Меси.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top