Врие во Тотенхем: Покетино ја загуби соблекувалната поради Јунајтед

По се изгледа Тотенхем ќе остане без трофеј и оваа сезона иако клубот има еден од најдобрите состави во својата историја и се надеваше на голем успех..

Англиските медиуми тврдат дека последните недели фудбалерите ја загубиле довербата во својот менаџер Маурицио Покетино поради тоа што се плашат дека тој ќе си замине во Манчестер Јунајтед. „Ѓаволите“ не ја кријат својата восхитеност од аргентинскиот стручњак, но засега му даваат поддршка на Солскјер.

Наводно, најголем проблем било останувањето на Кристијано Ериксен кому договорот му истекува идното лето, а тој во овој преоден рок побара да си оди и не му беше дозволено. Тоа создало тензија, а можно е идното лето во Јунајтед да заминат заедно Покетино и Ериксен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top