Врската меѓу мисијата на Грета и децата-робови во Конго

Дури и ако се занемари проблемот околу тоа кои методи би се користеле за да се генерира електричната енергија со која би се полнеле тие возила, ова е сериозен проблем на кој што поскоро мора да му се посвети внимание од страна на детскиот активист..

Мисијата на Грета Тунберг за поддршка на одржливата енергија, за одвраќање на она за што таа и милиони нејзини следбеници се убедени дека е неизбежна климатска апокалипса, го наметнува широко распространетото користење на електрични возила како реална алтернатива ако светот сака да ја намали употребата на фосилни горива, но големиот проблем со оваа кампања е што згодно го игнорира фактот дека десетици илјади деца се принудени да работат како робови во рудниците за кобалт во Конго за да го извлекуваат минералот потребен за создавање на батериите за напојување на оваа технологија.

Британски „Гардијан“ во октомври минатата година објави дека најмалку 35.000 деца-робови, некои на возраст од само шест години, работат во оваа целосно нерегулирана индустрија во една од земјите што се најзафатени од конфликти, која се бори да закрепне од војните што убија околу 5 милиони луѓе во текот на изминатите две децении, претежно преку прегладнување и болести.

Веќе е дамка на глобалната свест тоа што овој кобалт кој го копаат деца се користи од страна на милијарди луѓе во секакви видови модерни уреди, како што се паметните телефони и компјутерите, без некој да знае или да се загрижи штом ќе дознае за злосторствата што се вршат секој ден за да се одржи нивниот стандард. Но, сè ќе се влоши ако владите низ светот почнат да ја сфаќаат сериозно мисијата на Грета и почнат да им даваат приоритет на набавките на електрични возила, без претходно да се осигурат дека има хуманитарни гаранции за да се спречи користењето на деца-робови во оваа индустрија. Не само тоа, туку може да се наведе и моралниот аргумент дека 35.000 деца-робови што моментално си ги жртвуваат животите работејќи во рудниците за кобалт во Конго треба првин да бидат ослободени и да им се овозможи живот каков што заслужуваат. Додека не се постигне тоа, мисијата на Грета ќе води само до повеќе страдање за овие невини души, без разлика дали таа го сфаќа тоа или не, и затоа е неопходно сите нејзини поддржувачи да ѝ посочат што се случува таму за таа да може да насочи дел од нејзиниот активизам кон справување со овој примарен проблем, од кој зависат нејзините идни планови за решавање на климатската криза.
Неуспехот да се направи тоа неизбежно ќе доведе до неограничена институционализација на расната работна хиерархија, при што животните стандарди на „златната милијарда“ и оние под нив се поткрепени од жртвата на 35 илјади деца-робови од Конго, кои секој ден се мачат во една од најопасните работни средини за да ги извлечат минералите што се неопходна компонента на современата цивилизација, која вклучува не само уреди поврзани со индустријата на информатичко-комуникациската технологија туку и електричните возила, кои ќе ја прегазат успешната имплементација на плановите на Грета. За меѓународната активистичка заедница е најголем срам оние што тврдат дека се грижат толку многу за долготрајното колективно добро на планетата да не се грижат за олеснување на страдањето на 35.000 деца-робови во Конго, чија принудна работа ја прави возможна замислената еколошки одржлива иднина. Додека некои може да се едноставно неупатени во однос на овие факти, други се навистина свесни, но не веруваат дека тоа е причина за која вреди да се борат затоа што тие ја земаат здраво за готово робовската работа на децата од Конго и се препуштиле на верувањето дека тоа е цената што мора да се плати за подобар свет.

Тој став е апсолутно неприфатлив, како што е и оној на апатично одбивање да се сподели овој увид со другите активисти по дознавањето за него бидејќи милионите следбеници на Грета имаат колективна моќ да ги фокусираат нивните напори за да се осигурат дека нејзиното решение на широка употреба на електрични возила се спроведува етички во согласност со меѓународно воспоставените работнички норми кои забрануваат користење на деца-робови во која било индустрија. Дополнително, тие можат да ги соберат потребните пари за ослободување на тие деца и да се осигурат дека тие и нивните фамилии ќе живеат достоинствени животи откако ќе бидат ослободени од рудниците, или барем да ги притиснат нивните влади да направат нешто конкретно за ова. Затоа, многу е важно на нејзините поддржувачи и другите во меѓународната активистичка заедница да им биде приоритет ослободувањето на децата-робови од рудниците за кобалт во Конго како прв чекор за осигурување дека секое замислено решение за климатскиот проблем кое вклучува електрични возила и поврзана технологија е етичко. Во спротивно, тие и нивните напори всушност ќе завршат необмислено потпалувајќи го овој проблем и придонесувајќи не само за страдањето на овие деца, туку и за кошмар-сценариото на институционализација на расната трудова хиерархија во која тие се принудени да го поминат остатокот од животот мачејќи се.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top