Вучиќ ѝ понуди на Кина да ѝ помогне со коронавирусот

Александар Вучиќ испрати писмо до кинескиот претседател Си Џинпинг во кое рече дека Србија ја дели тагата поради жртвите од епидемијата на новиот коронавирус во Кина.

„Додека ја споделуваме нашата загриженост за можните последици од болеста и со вас трепериме над секој заболен, во исто време со восхит следиме колку храбро се соочувате со овој ’демон’, како што го нарекувате коронавирусот, убедени дека, со вашата мудра политика, ќе најдете решенија и ќе го поразите“, истакна Вучиќ.

Тој истакна дека во овие моменти, Кина, додека многу брзо ја завршува болницата во Вухан, ја покажува својата сила, „која ја црпи од единството на раководството и народот“.

„Тоа, во време на предизвици, го може само земја со силен и посветен лидер.“

„До скоро видување на 9-от Самит на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Пекинг, примете ја мојата длабока почит“, се вели во писмото на претседателот Вучиќ до шефот на кинеската држава.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top