Вучиќ: Да го признаеме независно Косово - тоа заборавете го

Белград во продолжението на дијалогот со Приштина оди и понатаму со истите ставови, кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ..

„Ќе се борам да не бидеме виновниците за непостоењето на дијалогот. Ние тука разговараме и преговараме со Западот, а не со Албанците“, објасни Вучиќ.

Како што кажа, решение за Косово и Метохија не гледа, но признавањето на независноста не е опција.

„Да го признаеме независно Косово – тоа заборавете го. Не гледам решение, кога го гледав сите ми скокнаа на врат“, кажа српскиот претседател.

Европскиот пат може да биде сопрен ако не дојде до решавање на косовскиот проблем, истакна Вучиќ за РТС.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top