Вучиќ: Да го решиме односот на Србите и Албанците еднаш засекогаш

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека „тежок компромис“ кога станува збор за Косово не подразбира само едната страна да биде задоволна..

Тој истакна дека, кога станува збор за Косово, компромисот е важен за да се живее во мир.

„Ништо не би додал или одзел кога станува збор за тоа што го зборував во Обединетите нации. Нема Косово да влезе во ОН, совен ако ние не сме за нешто задоволни, а ние не можеме да бидеме задоволни ако сакаат да го признаеме Косово“, кажа Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека е сигурен дека „не можат сите да бидат задоволни, но дека Србија инсистира дека договорот не може да биде едните да бидат задоволни а другите не“.

Вучиќ истакна и дека е „важно да се реши односот на Србите и Албанците еднаш засекогаш.

„Јас сакам на Србите да им кажам дека имаме една реалност, дека не живееме ни во митското минато, но ни дека не сме изгубиле сѐ. Реалноста е далеку од овие два става“, истакна српскиот претседател.

На прашањето дали може да гарантира дека нема да има оружени судири на Косово, Вучиќ кажа: „Никој никогаш целосно не може тоа да го гарантира, но големото достигнување од разговорите е што во последните четири години ниеден Србин не настрада во етнички конфликти. Најголемиот проблем е со избрканите, ним не им дозволуваат да се вратат. Ние сега мора да се погледнеме во очи и да го кажеме тоа што е реално и објективно – дека не даваме нешто што е наше, што го контролираме“.

На прашањето колку би можел да трае дијалогот за Косово, Вучиќ кажа дека станува збор за месеци.

„Немаме време за години. Јас би сакал решение, но ако не може да се постигне, ќе има замрзнат конфликт“, кажа српскиот претседател.

Тој негираше дека Косово е загубено, додавајќи дека сака на Србите да им порача дека постои реалност која не мора да им се допаѓа.

„Доколку Косово и Метохија беше загубено немаше толку да се борам за него секој ден. Трпев лично најтешки закани, а еден ден можеби ќе напишам книга за тоа, бидејќи за разлика од другите не мислам цел живот да ја работам оваа работа, и да опишам како што се случувало“, кажа Вучиќ.

Тој истакна и дека Србија ќе биде „посилна од кога било за неколку дена“, спомнувајќи ги руските мигови, руските и српските тенкови...

„Онолку сте силни колку што сте во состојба да ја зачувате татковината, никого да не напаѓате. Вашата сила не може да биде во ароганцијата, туку во економијата, но мора да се има и одбранбена моќ“, заклучи Вучиќ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top