Вучиќ: Ги знам намерите на Албанците, немаме решение за Косово на повидок

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека во разговор со претставниците на Србите од Косово кажал дека Белград нема ниедно решение за Косово на повидок..

„Им кажав дека немаме ниедно решение на видикот. Се трудиме да најдеме некој заеднички именител. Со ништо нема да излезам пред јавноста во Белград, додека не разговарам со вас, кои добивте 80 отсто од гласовите, и кои мене на Косово и Метохија ми донесовте 85 отсто“, кажа Вучиќ за Радио-телевизија Србија.

Тој кажа и дека неговата изјава дека ако не дојде до разграничување со Албанците за 40 години Србија би можела да го брани Врање е оптимистична.

„Таа изјава беше оптимистична, ќе дојдеме во таа ситуација за 20 години. Имате албански села во близина на Врање, ги знам нивните (албанските) намери. Демографијата не е на наша страна. Тие се многу помотивирани од нас Србите да го штитат она што го сметаат за свое“, кажа српскиот претседател.

Тој кажа и дека Србија има прилика да не изгуби сѐ, туку да добие нешто и дека на Србија никој не ѝ нуди поделба на Косово, ниту некој ќе ѝ ја даде.

„Нема да ни дадат поделба. Некои се уплашија од поделба по средбата со (францускиот претседател Емануел) Макрон, бидејќи поддршката за Србија расте. Кога ги видоа средбите со (претседателот на Русија Владимир) Путин, со претставниците на САД, со германската канцеларка Ангела меркел, со францускиот претседател, кој мислам дека добро ја разбра ситуацијата на Косово и Метохија“, кажа Вучиќ.

Тој кажа ѝ дека ќе ѝ се обрати на нацијата во септември и ќе наведе цитати од некои луѓе во странски разузнавачки служби.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top