Вучиќ: И Србија и Црна Гора би требало да ги намалат тензиите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека и Србија и Црна Гора би требало да се обидат да ги намалат тензиите..

Вучиќ во Минск кажа дека во Црна Гора се води кампања против Србија и Србите, а во Србија обратна кампања, и дека би сакал кога би било возможно „да сопрат и едните и другите“.

Тој кажа и дека мислењето за ставот на Венецијанската комисија за црногорскиот предлог закон за слободата на вероисповедта ќе го изнесе кога ставот ќе биде објавен.

Зборувајќи за повикувањето на амбасадорот на Србија Зоран Бингулац во министерството за надворешни работи на Црна Гора поради изјавите на српските функционери, Вучиќ кажа дека станува збор за потези кои се за „внатрешна употреба“.

Тој кажа дека министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ го замолил да не испраќа дипломатска нота до Црна Гора.

„Го замолив да не го прави тоа. Ние тоа ќе го направиме кога ќе се случи нешто вистински, а не поради изјави на политичари или други луѓе. Би можеле на дневно ниво да испраќаме 15 ноти. Но подобро е да ги спуштиме тензиите“, кажа српскиот претседател.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top